Известување до охридските занаетчии

Почитувани,

Една од основните цели на Комората е да ги штити интересите на занаетчиите пред Државните органи и институции и локалната самоуправа.

Изминативе месец-два охридските книговодители незаконски драстично ги покачија цените за книговодствени услуги каде што се засегнати и голем број на занаетчии.Сакам да ве информирам дека од 2012 год.Комората има ангажирано книговодител со доста поволни цени.Ако користите книговодствени услуги преку Комората,цената за паушално одданочените занаетчии е 220 ден. месечно,а за фискализираните занаетчии цената е од 1 000 до 1 200 ден.

Исто така сакам да ве информирам дека Комуналната такса – фирмарината на годишно ниво за паушално одданочените занаетчии е 500 ден.а за фискализираните занаетчии е 2000 ден.Имам сознанија дека голем број на паушално одданочени занаетчии наместо 500 ден. годишно,плаќаат по 2 000 ден.(за помош обратете се во Комората,проблемот ке биде решен)

Од 2013 год.на наше барање ‘’Охридски комуналец’’ ни ги намали цените за 64% или од 16.3ден на 6.1 ден по метар квадратен.НАПОМЕНА проверете на сметките за ѓубретарина дали цената за м2 е 6.1ден.(ако има проблем побарајте помош во комората)

Почитувани,основниот приход на Комората е коморскиот придонес – чланарината која изнесува 150 ден месечно.За жал во изминативе месеци поради неплаќање на чланарина подолг временски период(суми поголеми и од 10 000 ден,Комората поднесе тужби до Основниот суд Охрид и сите случаи беа решени во корист на Комората.Управниот одбор на Комората одлучи и во иднина да поднесува ТУЖБИ за суми поголеми од 3 600 ден.Сакам да ве информирам дека сиот приход од чланарината се користи наменски,за тековно работење на Комората (исплаќање плати,кирија,струја,канцалариски материјали и сл.)

На крај сакам уште еднаш да ве потсетам дека за секој ваш проблем,сугестија или сл. побарајте помош во Комората

Со почит,

Регионална занаетчиска комора Охрид
Претседател,
Сашо Богоески