ОХРИД CRAFT 2018

И оваа година во организација на ТЛЕР Охрид и општина Охрид кај плоштадот Чинар се одржа манифестацијата ОХРИД CRAFT 2018 .

Исто како и претходните години така и оваа охридските занаетчии се преставија со своите рачно изработени производи

Учествувам со свои рачно изработотени производи неколку години со ред и задоволен сум од организацијата на настанот.Исто така задоволен сум од посетеноста на саемот,имаше доста домашни и странски туристи кои купуваа од нашите производи,вели Драган Георгиески сопственик на фирмата КНИГОВЕЗ од Охрид.

И од Регионалната занаетчиска комора од Охрид не го кријат задоволството од успешно организираниот настан.

Ние како Комора и јас како претседател би сакал да има што е можно повеќе вакви манифестации каде што охридските занаетчии ке можат да се претстават со своите производи.За наредната година од надлежните во ТЛЕР и општина Охрид ќе побарам манифестацијата наместо три ,да трае пет до шест дена,вели Сашо Богоески Претседател на Регионалната занаетчиска комора од Охрид.

Оваа година имаше вкупно 18 занаетчии меѓу кои и гости од Струга,Битола и Скопје