ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ОХРИДСКИТЕ ЗАНАЕТЧИИ И ЗАНАЕТЧИИТЕ ВО ОПШТИНА ДЕБРЦА

Согласно Законот за занаетчиство (Сл.весник на РМ бр.215/2015) вршителите на занаетчиска дејност(занаетчии и ТП ,ДОО,ДООЕЛ-кои вршат занаетчиска дејност )треба да добијат Занаетчиска дозвола од Регионалната занаетчиска комора Охрид во рок од 24 месеци од денот кога Регионалната занаетчиска комора добила јавни овластувања.

Регионалната занаетчиска комора Охрид јавни овластувања за вршење на дејност доби на 02.11.2017 год. и според тоа до 01.11.2019 год. погоре спомнатите субјекти треба да го усогласат работењето со Законот за занаетчиство и да се здобијат со Занаетчиски дозволи.

Се обраќаме до Вас со цел да ви укажеме дека согласно член 80 од Законот за занаетчии се предвидени глоби за неисполнување на наведената обврска.