Подрачје на делување на Комората е регионот на општините Охрид и Дебарца
Цели и задачи:
1. Остварување на заеднички општествени, економски и социјални интереси на занаетчиите.
2. Развој и унапредување на занаетчиството во рамките на слободното делување на занаетчиите на пазарот.
3. Остварување на Законитост во вршењето на занаетчиската дејност.
4. Организиран и координиран настап на занаетчиите пред државните органи и институции и локалната самоуправа заради заштита и унапредување на нивните права и интереси.
5. Остварување и унапредување на правата на занаетчиите во областа на здравственото социјалното, пензиско и инвалидско осигурување како и правата од работен однос.
6. Подобрувања на квалитетот на стоките и услугите.
7. 3аштита, спроведување и унапредување на добрите деловни обичаи, стандарди и норми за квалитет.
8. 3аштита и унапредување на конкуренција и спречување на нелојална конкуренција.
9. Почитување и заштита на интересите и правата на потрошувачите.
10. Информирање и организирање на посети и настап на саеми и слични манифестации во земјата и странство.
11. Организирано и координирано користење на финансиски средства од домашни и странски извори наменети за развој и унапредување на занаетчиството.
12. Давање стручна помош, семинари, предавања на членовите за развој на занаетчиските дејности, преку усвојување и примена на нови техники и технологии, маркетинг, пропаганда истражување на пазарот и изнаоѓање нови пазари.
13. Формирање и одржување на информативен систем за деловни и други информации за развој на занаетчиството и негово поврзување со индустријата и трговијата.
14. Промоција и заштита на традиционалните стари занаети за спојување на старото традиционалното со современото.
15. Води регистар на занаетчии кој е јавна книга.
16. Врши обука и проверка на стручна оспособеност за вршење на определена занаетчиска дејност и издавање уверение според програма која ја донесува Занаетчиската комора на Македонија.
17. Спроведува обука и полагање на мајсторски испит и издава сертификати и води регистар на лица стекнати со титула мајстор според програма која ја донесува Занаетчиската комора на Македонија.
18. Организира центри за обука, преквалификација и доквалификација на занаетчии и други лица според утврдена програма која ја донесува Занаетчиската комора на Македонија.
19. Други работи од интерес на унапредувањето на занаетчиството како и остварувањето заштита и унапредување на правата и интересите на занаетчиите.