Почитувани,
На 04.02.2020 год. ( вторник со почеток во 20 ч. ) во малата сала на општина Охрид ќе се одржи Изборно собрание на РЗК Охрид.
Ќе бидат избрани :
- Претседател и Подпретседател на Собрание на РЗК Охрид .
- Претседател на РЗК Охрид .
- Членови на УО на РЗК Охрид .
- Надзорен одбор .
Кандидат за Претседател на РЗК Охрид може да биде секој член на РЗК Охрид кој ги исполнува следните услови : - Да достави до Комората ПОТВРДА од УЈП за платени придонеси и персонален данок , заклучно со 31.12.2019 год.
- ПОТВРДА од Комората за платена коморска чланарина , заклучно со 31.12.2019 год.
- Да достави фотокопија од ЗАНАЕТЧИСКАТА ДОЗВОЛА .
- Да е најмалку 3 год. член на РЗК Охрид .
Потребните документи да се достават до Комората најдоцна до 04.02.2020 год. до 16 ч.