Согласно Статутот на Регионалната занаетчиска комора Охрид се објавува :
ЈАВЕН ОГЛАС
За избор на членови на Органите на Комората и избор на претседател на Комората.
Изборот за членови на Собранието кое што брои 16 членови ( 8 секции по двајца членови) ќе се одржи на :
5 март 2024 г. во 19 ч. во големата сала на општина Охрид за следните секции:
- Бербери
- Фризерки
- Чевлари , кројачи и опинчари
- Автомеханичари , автолимари и лакери,автоперални , вулканизери
6 март 2024 г. во 19 ч. во големата сала на општина Охрид за следните секции:
-Козметичарки
– Столари, изработка на предмети од иверица и сл.дејности
– Бисери , накит, ракотворби , резбари , филигран и сл.дејности
– Останати занаетчиски дејности кои што не се опфатени во претходните 7 секции.
Изборното Собрание ќе се одржи на 12 март 2024 г. со почеток од 19 ч. во малата сала на општина Охрид каде што ќе бидат избрани :
Избор на претседател и подпретседател на Собрание на РЗК Охрид .
Избор на претседател на Комората , кој што мора да ги исполнува следните услови :
– Да достави фотокопија од Занаетчиска дозвола .
– Да има подмирено коморски придонес ( чланарина ) заклучно со 31.12.2023 год.
– Да достави ПОТВРДА од УЈП за платени придонеси и персонален данок заклучно со 31.12.2023 год.
– Да е најмалку 3 години член на РЗК Oхрид .
Потребните документи да се достават во Комората најкасно до 11 март 2024 год . до 13 часот .
Избор на 6 членови на Управен одбор ( од нив еден подпретседател на УО )
Избор на 3 членови на Надзорен одбор ( од нив еден претседател на НО )
Сите избрани кандидати треба да имаат подмирено чланарина заклучно со 31.12.2023 г
02.03.2024 год. Стручна служба на РЗК Охрид