Јавен повик за субвенционирање за отварање на нова занаетчиска фирма

Почитувани , Општина Охрид објави јавен повик за субвенционирање за отварање на нова занаетчиска фирма и ги погрива сите трошоци за регистрација на фирмата во вредност од 12 000 ден. Известите ги вашите пријатели кои што сакаат да регистрираат фирма дека регистрацијата им е бесплатна , односно ја покрива општина Охрид Со почит ,

https://ohrid.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d1%83%d0%b1%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d1%86%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bd%d0%be%d0%b2/

Изборно собрание на Регионалната занаетчиска комора Охрид

На вечерашното Изборно собрание на Регионалната занаетчиска комора Охрид , досегашниот Претседател Сашо Богоески едногласно , повторно е избран за Претседател на Комората во наредните четири години

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ОХРИДСКИТЕ ЗАНАЕТЧИИ

Почитувани,
На 04.02.2020 год. ( вторник со почеток во 20 ч. ) во малата сала на општина Охрид ќе се одржи Изборно собрание на РЗК Охрид.
Ќе бидат избрани :

  • Претседател и Подпретседател на Собрание на РЗК Охрид .
  • Претседател на РЗК Охрид .
  • Членови на УО на РЗК Охрид .
  • Надзорен одбор .
    Кандидат за Претседател на РЗК Охрид може да биде секој член на РЗК Охрид кој ги исполнува следните услови :
  • Да достави до Комората ПОТВРДА од УЈП за платени придонеси и персонален данок , заклучно со 31.12.2019 год.
  • ПОТВРДА од Комората за платена коморска чланарина , заклучно со 31.12.2019 год.
  • Да достави фотокопија од ЗАНАЕТЧИСКАТА ДОЗВОЛА .
  • Да е најмалку 3 год. член на РЗК Охрид .
    Потребните документи да се достават до Комората најдоцна до 04.02.2020 год. до 16 ч.